Сити до 81 минута губеше од четвртолигаш, а потоа проработе машината

Манчестер сити не дозволи шокантна елиминација во Фа Купот, иако до 81 минута премиерлигашот беше во негатива на гостувањето кај Челтенам. Екипата која се натпреварува во Лига Два (четврта лига во Англија), изненадувачки поведе со голот на Меј во 59 минута.

Предноста на домаќините траеше до 81 минута кога Фил Фоден искористи едно невнимание на одбраната на Челтенам и израмни на 1:1. Тоа како да беше мотив за Граѓаните да протиснат уште посилно, па само 180 секунди подоцна се случи и целосен пресврт.

Габриел Жезус погоди во 84 минута за 2:1, а во судиското надополнување Феран Торес ги постави конечните 3:1 за Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести