Сити го добива најголемото засилување, Халанд конечно се враќа на зелениот терен

По двомесечна пауза, најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, конечно се враќа на зелените терени. Ова го најави Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред мечот со Барнли, кој се игра утре.

Норвешкиот репрезентативец скрши коска на стапалото на дуелот против Астон вила и оттогаш е на рехабилитација, но сега конечно ќе може да се врати. Халанд досега има 14 гола оваа сезона во Премиер лигата и го дели врвот со Мохамед Салах од Ливерпул, додека вкупно на 22 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, постигна 19 погодоци.

Враќањето на Ерлинг Халанд ќе биде најголемото засилување за Манчестер сити во борбата за одбрана на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести