Сити го разби англиското проклетство во Украина

Манчестер сити на доминантен начин дојде до три бода на гостувањето кај Шахтар, додуша не во Доњецк, туку во Харков, но сепак на украинска територија, и стана првиот англиски тим кој славел над Шахтар во гостински меч од Лигата на шампионите.

Досега Шахтар против премиерлигашите имаше пет победи и две нерешени. Но, синоќа беше тотално надигран од тим во кој прва ѕвезда е Давид Силва. Шпанскиот фудбалер од средината на теренот првпат во кариерата даде голови на две гостувања по ред во ЛШ.

ГОСТИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ГОСТУВААТ НА „ОЛД ТРАФОРД“

Другиот клуб од Манчестер, големиот Јунајтед, нема причини за задоволство. „Ѓаволите“ дома беа поразени од Јувентус со 0-1 и се потврди дека во последно време „Олд Трафорд“ не е место на кое се плашат гостите. Тимот на тренерот Жозе Мурињо загуби четири од последните 13 домашни средби во сите натпреварувања. Пред тоа, Манчестер јунајтед дома четири пати загуби во 81 одигран меч.

- Оглас -

Најнови вести