Манчестер сити го извести Тотенхем дека нема да ја промени својата позиција во врска со трансферот на Савињо. Сити нема намера да го пушти бразилскиот напаѓач, дури ни за сума поголема од 70 милиони евра, бидејќи го смета за клучен играч за оваа сезона и за иднината.
Овој потег, исто така, ја блокира секоја можност Родриго да пристигне во Манчестер сити.
Бразилецот сѐ уште се двоуми дали да остане во Реал Мадрид и да се бори за место во стартниот тим кај Чаби Алонсо, или пак да замине.
Родриго беше стартер на последниот меч со Овиедо, но беше повлечен од игра во второто полувреме, јасно е дека Чаби Алонсо не го гледа како сигурен стартер во тимот на Кралевите.