1.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Сити и Борнмут се договорија, Семењо за 75 милиони евра прави трансфер на „Етихад“

Антоан Семењо е нов играч на Манчестер сити, откако Граѓаните ги договорија деталите за трансферот со Борнмут.
Договорот е постигнат и фудбалерот во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Сити.

Цената на трансферот ќе изнесува 75 милиони евра, а зделката ќе биде комплетирана во четврток, кога играчот ќе ги мине лекарските прегледи.

Досегашниот фудбалер на Борнмут ќе потпише долгорочен договор со Граѓаните.

Семењо донел одлука да го избере проектот на Сити пред останатите заинтересирани клубови исклучиво поради Пеп Гвардиола, бидејќи сака да работи под палката на шпанскиот менаџер. Заинтересирани за него беа и Ливерпул, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести