Стадионот на кој се одигра финалето со најневеројатниот пресврт и вечерва е местото за мегдан на најдобрите (Видео)

Олимпискиот стадион во Истанбул кој го носи името на Мустафа Кемал Ататурк ќе биде местото каде вечерва ќе се сретнат Манчестер сити и Интер во финалето од Лигата на шампиони. Овој стадион е национална гордост на Турција.

Изградбата на стадионот започна во 1999 година, а беше наменет во трката на Турција за добивање на Олимписките игри во 2008 година. Турција не ја доби организацијата, иако беа вложени дури 350 милиони евра за изградба на овој модерен стадион.

Првиот меч кој е одигран на овој стадион е во 2002 година и тоа меѓу Галатасарај и грчки Олимпијакос. Најпознатиот меч кој е одигран на овој стадион е финалето во Лигата на шампиони во 2005 година.

Играа Милан и Ливерпул, а по првото полувреме, Росонерите водеа со убедливи 3:0. Ливерпул не само што не се предаде туку стигна и до 3:3 во второто полувреме, а потоа имаше возбудливи дополнителни 30 минути, за на крајот да се шутираат пенали.

Во пенал-рулетот, Ливерпул беше подобар и победи со што го комплетираше најголемото чудо во финалињата на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести