Џанлуиџи Донарума беше еден од најзаслужните за историската сезона на ПСЖ, а како круна дојде и трофејот од Лигата на шампионите. Сепак, договорот на Италијанецот истекуваше следното лето, а откако не се договори за продолжување, падна во немилост на раководството на Светците.
Решението беше да се замине, а веќе сè е договорено околу неговиот трансфер во Манчестер сити. Граѓаните ќе платат пакет помеѓу 30 и 35 милиони евра, во кои е вклучена фиксна сума, но и дополнителни бонуси.
Донарума уште денес заминува во Манчестер на лекарски прегледи, а во текот на денот се очекува и неговата промоција во дресот на Сити.