Шпанија го доби најстариот фудбалер во историјата: На 70 години повторно ги облече ракавиците (Видео)

Во шпанскиот фудбал беше испишана историја, откако голманот Анхел Матеос Гонзалез стана најстариот играч што некогаш настапил на официјален натпревар во оваа земја.

Овој 70-годишен голман настапи за тимот на ЦД Колунга во меч од петата лига во шпанскиот фудбал, соборувајќи рекорд и докажувајќи дека возраста не мора да биде пречка за спортување.

Неговиот тим се натпреварува во лигата Терсера Федерасион, а натпреварот против ЦД Правијано беше идеална можност за овој историски момент. Матеос Гонзалез ја заврши својата професионална кариера пред речиси три децении, но остана активно вклучен во фудбалот, помагајќи им на помладите голмани и одржувајќи ја својата физичка подготвеност. Токму поради неговата долгогодишна посветеност, клубот одлучи да го почести и да му даде можност повторно да застане меѓу стативите.

Колунга претрпе пораз од 2-0, а Гонзалез бранеше во првите 20-тина минути. Во овој период имаше една одбрана, но потоа прими гол по еден изведен корнер. Мечот се одигра на пороен дожд, но и тоа не го поколеба Анхел Матеос Гонзалез, по пауза од речиси 30 години, повторно да брани на официјален меч и да постави нов рекорд.

 

- Оглас -

Најнови вести