Заминувањето на капитенот Винсан Компани од Манчестер сити по 11 сезони ги натера Англичаните да направат споредба на составите на тимот на првиот и последниот ден на Белгиецот во овој клуб. Разликата во квалитетот е драстична, секако во полза на актуелниот тим.
Екипата која играше на неговото деби за Сити во 2008 година беше следната: Харт, Бол, Чорлука, Бен-Хаим, Ричардс, Ајрланд, Компани, Џонсон, Петров, Елано, Стариџ.
Единаесет години подоцна, Сити има многу поскап состав. На последниот меч сезонава, оној од финалето на ФА купот, стартери во Сити беа: Едерсон, Лапорт, Компани, Зинченко, Вокер, Бернардо Силва, Гундоган, Давид Силва, Стерлинг, Марез, Габриел Жезус. Ако на овие им се додадат Агуеро, Де Бројне, Сане, Отаменди, јасно е колкава е разликата.
Компани кариерата ќе ја продолжи во Андерлехт, каде што ќе има двојна улога, играч и менаџер. Тој во дресот на „граѓаните“ одигра 360 меча и даде 20 гола, но имаше и повреди, па затоа овие бројки можеа да бидат и поголеми.