Баерн чесно се прости од ЛШ, Сити сега го чека суперполуфинале против Реал Мадрид

Баерн Минхен и Манчестер сити одиграа 1:1 на „Алијанц арената“, во меч по кој на крајот се радуваа гостите. Англискиот првак оди во полуфиналето, каде што ги чека Реал Мадрид, и тоа благодарение на победата во првиот меч со 3:0.

Сити стигна до четвртото полуфинале во ЛШ со рутинска игра на гостувањето во Минхен. Домаќините имаа иницијатива и напаѓаа, но Граѓаните одлично беа поставени и добро се бранеа.

Во 38-мата минута Сити можеше да поведе, но Ерлинг Халанд промаши пенал. Тоа што најдобриот голгетер на Сити не го реализира во првиот дел, се коригираше во второто полувреме. По една добро изведена контра, Халанд го матира домашниот голман за водство на Сити од 1:0 во 57-мата минута.

Баерн Минхен единствениот гол во овој двомеч против Сити го даде во 83-тата минута, и тоа од пенал кога погоди Кимих.

- Оглас -

Најнови вести