Халанд го изведе најлошиот пенал во кариерата, Бенфика му даде гол на Интер, ама уште е далеку од полуфинале (Видео)

Баерн Минхен и Манчестер сити играат 0:0 по првото полувреме на „Алијанц арената“, во реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Овој резултат многу повеќе им одговара на гостите, кои на првата средба славеа убедливо со 3:0.

Сити можеше да има предност и на гостувањето во Минхен, но Ерлинг Халанд промаши пенал во 37-мата минута. Голгетерот на Граѓаните шутираше силно, но и високо над голот, па ова беше негов трет промашен пенал во кариерата, во која има погодено повеќе од 30 удари од белата точка.

Во Милано, Интер и Бенфика играат 1:1, резултат што секако многу повеќе им одговара на домаќините затоа што Нераѕурите на гости победија со 2:0, што значи засега имаат вкупна предност од 3:1.

Интер прв се израдува на „Џузепе Меаца“ кога во 14-тата минута погоди Барела за 1:0. Бенфика израмни на 1:1 во 38-мата минута преку Аурснес, со што португалскиот тим ги задржа минималните шанси дека може да направи чудо на гостувањето.

- Оглас -

Најнови вести