Скандал на повидок: Мерцедес подготвува тужба за Хамилтон и од него ќе бара милионска отштета!

Откако на контроверзен начин остана без рекордната осма титула во Формула 1, шокираниот британски пилот Луис Хамилтон почна да размислува за повлекување од Ф1.

Мерцедес, кој уште ја нема потврдено листата на возачи за следната година, чека дефинитивен одговор од Хамилтон, а правниот тим на германскиот производител веќе се подготвува за тужба против Хамилтон ако тој навистина го напушти тимот пред крајот на договорот.

Новата сезона стартува на 20 март, а Хамилтон уште молчи. Сигурно е дека во болидот на Мерцедес ќе биде Џорџ Расел на местото на Валтери Ботас, но не ни сонуваа дека може да останат без Хамилтон, кој од 2007 е во Формула 1 и има седум титули, од кои шест со Мерцедес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести