22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Скандал на повидок околу гласањето за најдобриот според ФИФА

Селекторот на суданската репрезентација Здравко Логарушиќ ја изненади фудбалската јавност со своите докази околу изборот за најдобар играч според ФИФА. Тој тврди дека неговите гласови не се точни според официјалната листа на гласачи, ниту пак дека гласал за ѕвездата на Барселона Лео Меси, кој си замина дома со наградата.

Како што изјави Логарушиќ за дубајската телевиија „Ал-Арабија“, неговиот избор бил Мо Салах(5), Садио Мане (3) и Килијан Мбапе (1), а како што се гледа на првата слика, на официјалната листа стои дека Хрватот гласа за Меси, Ван Дајк, па Мане.

„Откако го направив изборот го сликав листот, пет бода му дадов на Салах, два на Мане и на крајот го одбрав Мбапе. Не знам како се сменети, ниту зошто, но сигурен сум дека не гласав за Меси“, истакна Логарушиќ.

Доколку ова е вистинскиот избор на Логарушиќ, ФИФА ќе мора да се изјасни за овој пропуст, во спротивно ќе ги разгори шпекулациите околу конторверзниот избор на Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести