24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Нов скандал во Англија: Премиерлигашка ѕвезда е уапсена во Лондон со сомнение за силување

Голем скандал ја тресе Англија откако попладнево неименуван фудбалер од Премиер лигата со статус на голема ѕвезда е упасен под сомнение за силување.

Името засега не се открива, а апсењето се случило во Северен Лондон и се наведува дека се работи за странски фудбалер, и тоа млад на возраст од 20 години.

Британските медиуми објавија дека фудбалерот по кус престој во полициска станица е пуштен на слобода, но има обвинение против него за присилно затворање на жртвата и за силување.

Случајот е од минатиот месец, а се чека објавување на идентитетот на фудбалерот.

Во Англија пред неколку месеци имаше сличен скандалозен случај со Мејсон Гринвуд, фудбалер на Манчестер јунајтед, кој е под обвинение дека ја силувал и ја претепал својата девојка, која објави грозоморни фотографии од насилството на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести