Голманот на Фулам, Бернд Лено ја одбил поканата на селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман, за следните мечеви од Лигата на нации. На Лено му било соопштено дека нема да игра, па затоа одлучил да не се јави на повикот.
„Ми кажаа дека ќе бидам дел од составот, но дека нема да играм. Затоа решив да останам во Лондон и тука да тренирам“, рече Лено.
Иако веќе има 32 години, Лено има само девет настапи за германската репрезентација. Тој секогаш бил резерва во германската репрезентација кога во составот се Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген. Сега, Нојер се откажа од репрезентативниот дрес, а Тер Штеген е повреден и неколку месеци ќе биде надвор од терените.
И во една таква ситуација, Лено нема да биде прва опција за голман, бидејќи ветување дека ќе биде прв голман добил Оливер Бауман, што било големо разочарување за Бернд.
„Јулијан знае дека секогаш сум бил тука за репрезентацијата и секогаш сум сакал да помогнам. сега имам 32 години и веќе не сум без искуство, никогаш не сум имал претензии да бранам пред Нојер или Тер Штеген, секогаш сум има разбирање. За мене секогаш било огромна чест кога сум бил дел од репрезентацијата“, потенцираше Лено.