Скандал: Во Јувентус дента кога играа со Интер, знаеле и криеле дека Ругани е заразен?

Јувентус на 11 март објави дека нивниот играч Даниеле Ругани е заразен од Коронавирус и со тоа италијанскиот дефанзивец стана првиот фудбалер на светот кој е позитивен на КОВИД-19.

По обелоденувањето на таа информација, Серија А беше прекината, а по нивни стапки тргнаа и останатите европски лиги, УЕФА го откажа Европското првенство, ги одложи Лигата на шамионите и Лигата на Европа. Но, во меѓувреме се појави информација дека Старата дама знаела дека Ругани е заразен и тоа го криеле само за да се одигра мечот со Интер. Јуве го доби дербито пред празни трибини и се искачи на првото место на табелата, што би им донело титула ако се прекине шампионатот.

Девојката на Ругани, Микела Персико, рече дека Даниеле барал да биде тестиран на 8 март, на денот кога играа Јуве и Интер. Ругани беше на клупата за резерви, а резултатите од испитувањето ги добил утредента.

„Даниеле се врати дома од тренинг, не се чувствуваше добро, имаше температура и го извести тимот дека ќе преноќи на друго место. Кога се разбуди, беше подобар, но одлучи да се тестира. Знам дека тестот беше на 8 март, а јас се тестирав осум дена подоцна“, раскажува неговата девојка, која исто така е заразена.

Ова е поразлично од верзијата на Јуве. Тие рекоа дека Ругани бил тестиран на 11 март утрото, а резултатите дошле истиот ден во вечерните часови. По Ругани, во Јувентус од Коронавирусот се инфицираа и Матуиди и Дибала.

- Оглас -

Најнови вести