Скандал во Шпанија по поништениот гол на Барселона: Од ВАР-собата се слушаат контроверзни зборови (Видео)

Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 4-3 во спектакуларно Ел Класико во 35-тото коло од Ла Лига. Тоа беше натпревар што долго ќе се памети.
Барселона можеше да слави и поубедливо, но голот на Фермин Лопес во самиот финиш беше поништен поради наводна игра со рака.

Контроверзата настана откако снимката од ВАР-собата стана достапна за јавноста.


Судискиот тим предводен од Мартинес Муњера го извести главниот судија Ернандес Ернандес дека според нивното мислење, топката го погодила Лопес во раката пред да го постигне голот, па тој беше поништен.

Она што предизвика особено негодување кај навивачите на Барса е тоа што на снимката се слуша непознат глас како одзади извикува: „Му благодариме на Бога!“ (во 37-мата секунда од видеото). Таа реакција се толкува како пристрасност, што дополнително ги налути фановите на каталонскиот клуб, кои жестоко реагираа на социјалните мрежи.

Барселона синоќа победи на „Монжуик“ и четврти пат оваа сезона славеше со Реал Мадрид, со вкупна гол-разлика од 16:7.

- Оглас -

Најнови вести