Скандал во шпанскиот фудбал, масовно се местеле натпревари

Шпанската полиција уапси неколку лица, меѓу кои и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво, за местење на натпревари во првата и втората шпанска лига. Браво е осомничен дека бил лидер на групата која потплатувала играчи кои помагале резултатите да бидат како што сакале во криминалната организација.

Меѓу приведените е и претседателот на клубот Уеска која сезонава играше во Примера, но испадна во Сегунда лига, како и Борха Фернандес од Валјадолид и Карлос Аранда кој во минатото играше за повеќе екипи.

Обвинението против нив е корупција, подмитување, и перење пари.

- Оглас -

Најнови вести