Скандалозно испраќање на Ѓоковиќ: А сега другар марш од земјата (Фото)

Со скандалозен наслов и тоа на првата страница на своето издание за понеделник австралискиот медиум „Д Вест Австралијан“ ја проследи информацијата за депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија.

„А сега марш од земјата другар“ е насловната страница на „The Vest Australian“ за 9-кратниот шампион на Австралија опен, кој веќе си замина по конелната одлука на судот да му биде поништена визата за влез во земјата.

Целата сага траеше десеттина дена, со многу пресврти, контроверзни одлуки и со епилог на рекордерот на Австралија опен да не му биде дозволен влез во Австралија.

Ѓоковиќ веќе си замина за Дубаи, а оттаму ќе пристигне на крајната дестинација во Белград.

- Оглас -

Најнови вести