Скапиот Челзи не може да даде гол, Фофана ја утна победата против Фулам (Видео)

Скапиот тим на Челзи за кој вечерва дебитираше Енцо Фернандес, најскапото засилување во историјата на англискиот фудбал разочара и одигра само реми без голови против Фулам.

Едно од осумтте засилувања, Давид Датро Фофана е трагичар на мечот и тој ја утна најубавата шанса за победа на Челзи во 79. минута.

Тој момент што можеше да му донесе три бода на Челзи на „Стемфорд Бриџ“ можете да го погледнете ОВДЕ.

Челзи и претходно имаше добри шанси, особено Каи Хаверц, но не успеа да погоди и да победи.

Вечерва покрај Фернадес и Фофана од осумтте засилувања на Челзи, за кои Тод Боели потроши над 300 милиони евра во зимскиот преоден рок играа и Михајло Мудрик, Бењоа Бадијашил и Нони Мадуеке.

Во истиот термин од 21 часот во премиерниот меч од 20. коло во шпанската Ла Лига Атлетик Билбао го декласира Кадис со 4:1.

 

- Оглас -

Најнови вести