Скараџијата Јовиќ повторно на удар на шпанските медиуми (фото)

Повредениот напаѓач на Реал Мадрид изминатиов период се најде на удар на критики поради што не ги почитуваше мерките за самоизолација при враќањето во Србија за време на пандемијата со корона-вирусот, а потоа си создаде дополнителни проблеми повредувајќи се дома.

Десната нога на Јовиќ е во гипс и моментално ги пропушта подготовките во пресрет на рестартирањето на сезоната и повторно ги прекрши препораките кои ги постави Ла Лига според протоколот. Наместо да избегнува собир во поголеми групи, Јовиќ на социјалните мрежи се пофали како прави скара со друштво, по што шпанските медиуми повторно го критикуваа и тврдат дека деновите во Реал му се одброени.

Според сериозноста на повредата, српскиот голгетер најверојатно нема да се врати на терените до крајот на сезоната, а прашање е дали повторно ќе го облече кралскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести