Кенијката Чонгво беше атракција, скокаше со стил од пред половина век (Видео)

Кенијката Зеди Чонгво има интересен стил на скокање и го привлече вниманието со својот стил на Светското првенство за млади атлетичари до 20 години што се одржува во нејзината земја.

Со скок со телото и нозете напред Зеди потсети на дамнешните времиња пред да биде прифатен стилот што во Мексико во 1968 година го промовираше Дик Фосбури, а кој и сега е актуелен.

Зеди скокаше сосема спротивно од трендовите во оваа дисциплина и изгледа многу атрактивно, иако не и донесе посакуван резултат, откако беше последна на Мундијалот во Кенија.

- Оглас -

Најнови вести