Атлетико Параненсе ноќеска го доби реваншот против Естудијантес со минимални 1-0 во четвртфиналето од Копа Либертадорес, резултат со кој Луис Фелипе Сколари испиша историја во најелитното јужноамериканско клупско натпреварување.
Бразилскиот стратег по рекорден шести пат успеа да одведе екипа до топ 4 фазата, а за пласман во големото финале ќе се сретне со Палмеирас, актуелниот шампион и негов поранешен тим со кој веќе го има освоено трофејот во КЛ.
Сколари како тренер на Гремио двапати стигна до полуфиналето, во 1995 (шампион) и 1996 година, трипати со Палмеирас во 1999 (шампион), 2000 и 2018 година и оваа сезона со Атлетико.