Двајца тенисери родени во Скопје имаа блескави моментни викендов, а и двајцата можат да се закитат со титули.
Калин Ивановски веќе го освои пехарот на ИТФ турнирот во Ираклин, Грција, откако утрово го декласира Романецот Себастијан Џима со 6:1, 6:1 во финалето на Крит.
Најдобриот македонски тенисер по вторпат во кариерата е победник на тениски турнир, а од утре ќе има најдобар ранкинг во кариерата.
Моментно 18-годишниот скопјанец е на 737. позиција на АТП листата, но по освојувањето на 15 илjади долари вредниот турнир ќе напредува.
За Ивановски турнирот во Ираклион има посебно значење, бидејќи токму на Крит пред две години го освoи првиот АТП поен во кариерата.
https://twitter.com/TennisEurope/status/1329375585945219072?s=20&t=WglOLPORTYQYiGriCaWl2Q
Уште еден тенисер роден во нашиот главен град, Стефан Козлов, кој ја претставува Америка, имаше блескава низа од победи и еден генијален потег, вчера во полуфиналето на Челенџерот во Лас Вегас.
Козлов со вистинска парада одигра феноменален стоп волеј во ситуација кога Стив Џонсон имаше меч топка за финале.
Козлов вечерва од 20 часот ќе игра за титулата во Лас Вегас против Тенис Сандгрен.