Скопското дерби, сепак ќе се игра во Скопје

Дерби дуелот помеѓу кошаркарските екипи на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром закажано за задутре, ќе се игра во главниот град и тоа во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од дербито кое се игра во 20.30 часот, ќе има и директен телевизиски пренос.

Во салата „Градски парк“ не може да се играат мечеви од Суперлигата и плејофот, па најтрофејниот македонски кошаркарски клуб реши привремено да се пресели во „Борис Трајковски“. Но, поради претходно резервирани термини за концерти и саем, Работнички особено преку викенди, не можеше да игра во оваа сала, па улогата на домаќин ја имаше во Гостивар и Куманово.

Пресметката на градските ривали Работнички и МЗТ не одлучува ништо, „штрковите“ секако се први и ќе имаат предност во плејофот, и ќе биде само последна проверка на формата пред стартот на плејофот. Во полуфиналето, Работнички најверојатно ќе игра со Блокотехна, а МЗТ со Гостивар, освен ако не се случи Блокотехна да загуби од Куманово, па гостиварци со триумф над Кожув да го освојат третото место.

- Оглас -

Најнови вести