Марко Ројс е фудбалерот кој 11 години е верен на Борусија Дортмунд и сон му беше да ја освои титулата во Бундеслигата со овој клуб. искусниот 33-годишен Ројс денеска беше пред остварување на сонот, но на крајот му се случи кошмар.
Борусија беше прва на табелата и требаше дома да го победи Мајнц за да биде шампион и да ја прекине 10-годишната доминација на Баерн Минхен. На крајот, Борусија одигра само 2:2 против Мајнц, а Баерн со голот на Мусиала во 89 минута стигна до победа кај Келн, па баварците ја продолжија доминацијата и 11 пат во низа се прваци.
По завршување на дуелот во Дортмунд, Ројс остана „скршен“ и едноставно падна на тревата на стадионот, останувајќи да жали за најголемата шанса да стигне до првата титула во Бундеслигата.
– Marco Reus is completely broken. Still no Bundesliga title for him. pic.twitter.com/6gKkOMnBwl
— (@TheEuropeanLad) May 27, 2023
И останатите фудбалери на Борусија беа во неверување дека не успеаа да ја освојат титулата, но секако дека на Ројс му е најтешко.