Скржави Милионери: Дортмунд не сака да доплати 20 милиони евра, затоа Хакими си оди во Интер

Борусија Дортмунд многу лесно го испушти Ашраф Хакими, талентираниот бек на Реал Мадрид е пред преселба во редовите на Интер. Милионерите не сакале да доплатат 20 милиони евра за играчот кој изминативе две години е на позајмица на „Сигнал Идуна парк“, па затоа Мароканецот се одлучил за понудата од Милано.

Германскиот вицепрвак беше погоден од кризата предизвикана од пандемијата со корона-вирусот, како и повеќето спортки колективи во светот, па затоа немале намера да трошат голем дел од средствата за трансфери на само еден играч.

Интер во меѓувреме го капариса Хакими за 40 милиони евра, на „Џузепе Меаца“ го чека петгодишен договор откако трансферот ќе се официјализира. Исто така на Хакими му е важно што ќе биде во прв план кај Антонио Конте, нешто што не можеше да го добие во Реал Мадрид покрај искусниот Дани Карвахал.

- Оглас -

Најнови вести