Слабо издание на одбојкарките, пораз и од Тунис

По вчерашното разочарување од Египет, женската одбојкарска селекција на Македонија денес загуби од Тунис без освоен сет со 20-25, 11-25, 21-25.

Уште на самиот почеток се почувствува квалитетот на Тунис, лесно беше преземена иницијативата. Серијата од 5-0 не беше доволна за нашите одбојкарки да се вратат во првиот сет, кој го загубија со 20-25. Тотална доминација на противникот се виде во вториот сет, во кој Македонија освои само 11 поени. Откако се загуби чекорот, Тунис рутински ја осигури победата.

За утре е предвидено завршното коло во кое македонските претставнички ќе ги одмерат силите со Грција.

- Оглас -

Најнови вести