Слабо прво полувреме за македонските младинци – Пантовиќ нѐ казни, Србија води со 1:0

Големиот кикс од деветтата минута во одбраната ја чинеше Македонија негатива од еден гол по првото полувреме во квалификацискиот дуел со младинците на Србија, а нѐ казни играчот што најдобро го познава теренот на Вождовац.

Се игра на вештачка трева и токму Милош Пантовиќ, кој игра за прволигашот Вождовац, беше стрелец за 1:0 во раната фаза на мечот.

Тој ја искористи лошата поставеност на одбраната на нашите младинци и лесно погоди со глава од близина.

Мечот од седмото коло во Х групата од квалификациите за настап на ЕП е клучен и за двете селекции и е последна шанса да се продолжат надежите за подвиг и за пласман на второто место кое води во дополнителните баражи.

Ако остане овој резултат, Србија би била пред Македонија на три кола до крајот на квалификациите со 8 бода на третото место.

Македонија би паднала на четвртата позиција со шест бода. Лидер е Франција со 16 бода, а втора е Украина со 13 од шест меча.

 

- Оглас -

Најнови вести