Славен Билиќ најде тренерска работа на Блискиот Исток

Славен Билиќ повторно ќе работи како тренер, oткако се согласи на соработка со Ал-Итихад, клуб од Саудиска Арабија. По паузата од една година, своето тренерско искуство ќе го пренесе на Блискиот Исток, а според информациите, тој ќе ја води екипата во претстојната сезона, па доколку покаже добри резултати, неговиот договор ќе биде продолжен, а ќе заработи три милиони евра за една година.

Кон почетокот на минатата сезона, Билиќ доби отказ од Вест хем и не брзаше во одлуката повторно да седне на тренерско столче. За време на Мундијалот работеше како аналитичар за една ТВ емисија. Пред ангажманот во Саудиска Арабија и Вест хем, Билиќ беше тренер на Бешикташ, Локомотив Москва, Хајдук Сплит и репрезентацијата на Хрватска.

Билиќ на клупата на Ал-Итихад го наследува Рамон Дијас, кој по првите четири натпревари во првенството забележа еден пораз и три ремија. Ал-Итихад последен пат ја прослави титулата во Саудиска Арабија во 2009 година, оттогаш се без успех, додека два пати по ред биле прваци на азиската Лига на шампиони, во 2004 и 2005 година.

- Оглас -

Најнови вести