Славење во Лион за триумфот на Челзи во Лигата на Европа

Челзи сам на себе си ја заврши работата за да донесе вреден трофеј во витрините на „Стемфорд бриџ“. Победата на Челзи значеше тага за љубителите на англискиот фудбал бидејќи Арсенал нема да биде петти клуб во Лигата на шампионите за следната сезона. На победата на Челзи најмногу се радуваа во Олимпик Лион.

Фактот дека Англија не доби уште еден тим во Лигата на шампионите значи дека Лион доби директно учество во елитната лига на УЕФА за следната сезона. Седумкратниот француски првак заврши како третопласиран во француското првенство и го чекаше исходот од финалето во Лигата на Европа.

По победата на Челзи, јасно стана дека Лион е 26-тиот сигурен учесник во групната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести