15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Славниот италијански клуб се враќа, ќе игра во италијанската Серија Ц

Славниот италијански клуб Бреша ќе продолжи да постои и да се натпреварува, но под модифицирано име. Клубот прогласи банкрот и беше исфрлен од професионалните лиги на Италија, но, сепак, ќе игра во италијанската Серија Ц.

Екипата на Фералписало, која се натпреварува во групата А од третолигашкиот италијански фудбал го промени името и седиштето и во иднина ќе се нарекува Унион Бреша, а домашните мечеви ќе ги игра на стадионот „Марио Ригамонти“.

Со ова се продолжува 114-годишната традиција на Бреша, а од новиот субјект се очекува брзо да се врати на старите патеки и да се избори за плсман во повисок ранг.

- Оглас -

Најнови вести