Славните фаци сега треба да се плашат кога ќе игра Јувентус

Арон Рeмзи е новото засилување на италијанскиот првак Јувентус. Гигантот од Торино го доведе велшкиот репрезентативец без да плати никаква оштета бидејќи договорот на Рeмзи со Арсенал заврши вчера.

Рeмзи во Арсенал помина повеќе од една деценија. Меѓу Топчиите дојде во 2008 година и одигра вкупно 396 меча, во кои постигна 64 голови, а имаше и 65 асистенции. Се очекува да го облече дресот со бројот 8. Договорот со Јувентус беше потпишан уште пред пет месеци, а деталите може да ги прочитате ТУКА.

Овој играч во светскиот фудбал се прослави по една неверојатна коинциденција која се случува. Кога Рeмзи ќе постигне гол, повеќе од 10 пати се случило да почине некоја светски позната личност. Последен пат тоа се случи кога Рeмзи даде гол, а почина фронтменот на групата „Продиџи“ Кит Флинт. 

Митот за „проклетството“ на Ремзи започна во 2011 година, кога Велшанецот даде гол во дербито против Манчестер јунајтед, а следниот ден умре Осама бин Ладен. Оттука започна целата работа, а потоа се редеа случаите кога Ремзи ќе дадеше гол, а потоа умираа: Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер, Робин Вилијамс, Алан Рикам, Дејвид Боуви, Барт Рејнолдс, Милош Форман, Стивен Хоукинс. Последен во низата е пејачот Флинт.

 

- Оглас -

Најнови вести