3.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Следниот противник на Македонија тргна според планот: Португалија славеше над Романија

Групата „Б“ на Европското ракометно првенство, во која е и Македонија, започна според планираното. Португалија лесно ја совлада Романија и ги запиша првите два бода, откако славеше со 40-34, триумфот можеше да биде и далеку повисок според прикажаното на теренот.

Сепак, португалскиот селектор во финишот одлучи да ротира и да ги сочува силите за следниот меч, а тоа е токму против Македонија во недела.

Што се однесува до селекцијата на Романија, тие имаа водство на стартот од мечот со 3-1 и 4-2, но следуваше серија од 6-0 на Португалија, потоа и 3-0 и 4-0, за убедливи девет гола предност уште во првиот дел, иако на паузата се замина со резултат 23-15 за Португалија.

Во вториот дел се беше рутина за полуфиналистите од последното Европско првенство, па првите бодови во Хернинг заминаа на контото на Португалија, но со победа од само шест гола разлика, иако според играта требаше да биде далеку поубедливо.

- Оглас -

Најнови вести