Слоновите против Мали ќе покажат колку се големи

Мали – Брегот на Слоновата Коска (18 часот – Африкански куп на нации, осминафинале)

На половина пат од првата нокаут-рунда на Афкон се среќаваат Мали и Брегот на Слоновата Коска. Овие две репрезентации ќе го одредат противникот на Алжир во четврт-финалето, а Брежаните за нијанса се фаворити на хартија. Во рамките на ова натпреварување, Мали и БСК последен пат се сретнаа во групната фаза во 2015 година, во мечот кој заврши со конечни 1-1, а подоцна Брежаните станаа шампиони.

Од тој меч играа уште трипати, двете селекции поделија по една победа и еднаш ремизираа. Мали и БСК се меѓу поефикасните учесници на овој шампионат, така што би требало денешната средба да биде украсена со голови, иако тоа не е карактериснично за нивните меѓусебни дуели.

Предлог тип: X2 & 2-5 (2.15)

 

Гана – Тунис (21 часот – Африкански куп на нации, осминафинале)

Гана и Тунис треба да приредат интересна средба по која Мадагаскар ќе го дознае противникот во четврт-финалето. Двете репрезентации засега се непоразени, а Тунис се смета за феномен откако во нокаут-фазата се пласираше по три ремија во групите. Гана во последното коло ја совлага Гвинеја Бисау и си го обезбеди првото место во групата Ф.

Низ историјата, овие две селекции се сретнале во 10 наврати, а Тунис памети само еден триумф, и тоа во 2006 година. Гана се радувала петпати, како и во последната меѓусебна средба, која се одигра во 2013 година со триумф од 4-2 во контролката.

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.50)

 

Хафнарфјордур – Викингур Рејкјавик (21:15 часот – Прва лига Исланд, 12-то коло)

Исландскиот шампионат го помина воведниот дел и полека се оформува редоследот на табелата. Хафнарфјордур е средина од неа со 13 бода по 10 натпревари, учинок кој не може да се каже дека е добар, особено што веќе пет меча се без триумф. Фудбалерите на Викингур висат над зоната за испаѓање, 11-те бода ги освоија со две победи и пет ремија, но барем се во подобра форма од нивниот противник.

Но, ако се гледаат меѓусебните дуели, Хафнарфјордур вметна свој ритам и веќе две години и седум меча во низа нема претрпено пораз од Викингур. Кога играат меѓусебе, никогаш не недостасуваат голови, па се очекува и вечерва нападот да биде во преден план и кај двете екипи.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 (1.80)

 

Ескилстуна – Џургарден (19 часот – Прва лига Шведска, 14 коло)

Џургарден влезе во импресивна форма, нареди пет победи и дојде само на еден бод од второто место, кое му припаѓа на Стокхолм, и тоа со два меча помалку. Славење над најслабата екипа во шведскиот шампионат за оваа сезона за фудбалерите на Џургарден ќе значи и доближување до Малме и првото место.

Ескилстуна веќе три месеци и 13 последователни натпревари не може да освоси три бода. Знаејќи во каква форма доаѓаат гостите, оваа негативна може да се продолжи. Ако се сметаат дуели од првенството и Купот во Шведска, Џургарден ги доби сите четири средби, така што целта е да се дојде до петти последователен триумф.

Предлог тип: Т2 1+I & T22+ (2.30)

 

Матео Беретини – Роџер Федерер (17:30 часот – Вимблдон, осминафинале)

Младиот Беретини пред себе за противник ќе го има еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Тоа значи дека за пласман во четврт-финалето на Вимблдон ќе треба да направи сензација, но Федерер е премногу искусен за да дозволи такво нешто.

Швајцарецот на патот до четвртото коло загуби само еден сет, и тоа на стартот од Лојд Херис. Беретини, пак, во два од трите досегашни меча мораше да игра повеќе од три сета, против Шварцман пред два дена го доби маратонот од пет сета, така што ќе се чувствува заморот кај него, но се очекува да се бори да крај, па и да се обиде да „украде“ еден сет.

Предлог тип: 2 & >34,5 гемови (2.05)

- Оглас -

Најнови вести