11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Слот: Загрижувачки пораз, ако сакаш да победиш, три примени голови се премногу

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, после четвртиот пораз по ред во Премиер лигата, рече дека не смее да примаат толку многу голови ако сакаат да победуваат. Синоќа беа поразени од Брентфорд со 2-3.

„Разочарувачки се и резултатот и играта. Три примени голови се премногу ако сакаш да добиеш фудбалски меч. Првиот беше од прекин, вториот од контранапад, нешто во што Брентфорд е навистина добар. Треба да видиме што правиме погрешно и да го исправиме. Знам во кој дел треба да се подобриме, но не се истите причини за поразот од Брентфорд како на претходните што ги губевме. Овој четврти пораз по ред е најзагрижувачки“, вели Слот.

За Црвените кои се во криза, доаѓа тежок период во кој следни ривали им се Кристал Палас, Астон Вила, Реал Мадрид и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести