Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, по драматичниот пораз од последниот тим на табелата во Премиер лигата, Вулверхемптон, кога Црвенiте примија гол во 90+4 минута, рече пак им се повторила истата приказна.
„Секогаш истата стара приказна. Во последно време собираме поени бидејќи постигнуваме многу голови од прекини, но она што не се промени во последните пет, шест или седум натпревари е тоа што ни е тешко да постигнеме гол од отворените шанси што ги создаваме. Ние постигнавме еден гол, а тие постигнаа два – и повторно во продолжението. Овој натпревар ја сумира целата наша сезона“, изјави Слот.
Ливерпул на ваков вачин (со примен гол во судиското продолжение) губеше и од Кристал палас, Челзи, Борнмут и Манчестер сити.

