25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Слот е подготвен за тешкото гостување на Ливерпул: Знаеме што може да очекуваме таму

Ливерпул со победа на домашен терен ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата, а утревечер ќе го игра и првиот меч на гостински терен во новата сезона. Актуелниот бранител на тронот ќе гостува кај Њукасл, кој секогаш важи за опасен ривал.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот вели дека е подготвен за следниот предизвик.

„Знаеме што да очекуваме. Минатата сезона игравме три пати против нив. Имаат многу добар тим кој може да парира на секој противник, а имаат и играчи кои одлично ја контролираат топката“, вели Слот, кој додаде дека ова е многу важен натпревар за Ливерпул, но сепак треба да се знае дека сезоната е долга и фудбалерите треба да бидат подготвени за сте натпревари кои следуваат во иднина.

- Оглас -

Најнови вести