7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Слот ги демантира медиумите: „Екитике нема да биде казнет“

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике, игра одлично на стартот од новата сезона, но направи глупост на мечот од англискиот Лига куп против Саутхемптон, кога во 85-тата минута го постигна победничкиот гол, а потоа го соблече дресот за да прослави, но заборави дека веќе има жолт картон и беше исклучен.

Британските медиуми најавија дека Црвените ќе го казнат две неделни плати, или околу 570.000 евра, но Арне Слот сега ги демантира тие пишувања и вели дека нема да има казна за францускиот интернационалец.

„Не доби казна. Тоа што го направи не беше паметно, но веднаш им се извини на соиграчите. Тој е млад, а играчите од сите возрасти може да направат грешка. Сите правиме грешки и во овој клуб е дозволено и да погрешите без веднаш да бидете казнети. Екитике е прекрасен човек и мислам дека сите во клубот би го вброиле помеѓу тројцата најпристојни со коишто работиме. Дури и да не е така, дозволено му е да погреши. Не беше тоа паметен потег, но во вторникот тоа не нѐ чинеше, но може да нѐ чини утре. Позитивна работа е што Федерико Кјеза одлично се покажа, па можеби ќе добие поголема минутажа во моментов кога Уго не ни е на располагање“, рече Слот.

Екитике поради црвениот картон против Саутхемптон доби суспензија од еден меч и нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар против Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести