Ливерпул е посилен тим под водство на Арне Слот во голем број показатели. Англискиот гигант е постабилен пред двата гола и поефикасен, објави статистичката агенција „Опта“ во анализата на досегашната сезона во англиската Премиер лига. Холандскиот стратег пристигна на „Енфилд роуд“ пред почетокот на сезонава, на местото на легендарниот Јирген Клоп.
Ливерпул моментално е лидер во Премиер лигата со 12 бода пред Арсенал. Слот е на пат да стане само петтиот тренер во историјата на Премиер лигата кој освоил титула во својата прва сезона. Досега тоа им успеало само на Антонио Конте во 2018 година, Мануел Пелегрини во 2014 година, Карло Анчелоти во 2010 година и Жозе Мурињо во 2005 година. Само Мурињо има подобра гол-разлика по 29 натпревари во сезоната (+ 45 гол-разлика за Мурињо и +42 гол-разлика за Слот).
Статистиката на „Опта“ најде сличности во стилот на игра на Слот и оној на поранешниот менаџер Јирген Клоп, но Црвените се поефикасни под водство на Холанѓанецот. Ливерпул бележи раст во категориите голови по натпревар (2,38 оваа година наспроти 2,26 лани), голови по шут (14% наспроти 10,90%) и бројот на чисти шанси (42,40% наспроти 38,30%).
Ливерпул ја има втората најдобра одбрана во Премиер лигата. Тимот прима помалку голови од претходната сезона (0,93 по натпревар наспроти 1,08), дозволува помалку чисти шанси на противникот (1,80 наспроти 2,10). Едноставно, Ливерпул игра одлично под водство на Слот и навивачите веќе имаат нов тренер-миленик.