5.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Слот: Мечевите од Премиер лигата веќе не се гледаат со задоволство

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот даде интересно видување за тоа како сега се играат мечевите во Премиер лигата. Стратегот вели дека „веќе нема задоволство во гледањето на дуелите во Премир лигата“ и тоа затоа што најголем дел од погодоците се постигнуваат после прекини.

На дербито меѓу Арсенал и Челзи (2:1) сите три погодоци беа постигнати после прекин на играта. Ливерпул во истото коло со 5:2 славеше над Вест хем, а три погодоци на Црвените беа постигнати после прекин.

„Дали тоа ми се допаѓа? Моето фудбалско срце тоа не го сака. За мене, поголемиот дел од мечевите во Премиер лигата што се играат сега не се задоволство за гледање“, рече Слот пред утрешниот дуел против Вулверхемптон.

Слот анализира и тоа дека дуелите од Премиер лигата се толку конкурентни токму поради тоа што сите екипи се опасни по прекините и може да направат изненадување.

„Тоа е новата реалност. Нема да ме изненади ако за пет или 10 години отидете да гледате дуел на играчи до 16 години и таму сите да бидат фокусирани само на играта по прекините“, додаде Слот.

Ливерпул за само неколку дена два пати ќе гостува кај Вулверхемптон. Прво утре во дуел од Премиер лигата, а потоа и в петок на мечот од ФА Купот. Потоа за тимот на Слот ќе следува и уште едно гостување, а тоа ќе биде на 10 март против Галатасарај во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести