2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Слот: Ние купуваме, но и продаваме, некои клубови во Англија не знаат дека може и да продаваат

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја коментираше трансфер-политиката на клубот, нагласувајќи дека покрај трошењето сериозни суми за нови играчи, Црвените исто така редовно остваруваат и приходи од продажба на фудбалери.

„Не можам да ги обвинам луѓето што не разбираат или не гледаат дека ние и внесуваме пари во клубот бидејќи тоа е нешто уникатно за Англија. Другите клубови само купуваат, а не продаваат. Во Англија некои клубови дури и не помислуваат дека можат да продаваат играчи“, рече Слот.

Тој додаде дека неколку играчи си заминале во летото бидејќи клубот го сметал тоа за најдобро решение, а самите сакале трансфер: „Ако сакате да заминете и има вистински клуб со добра понуда, нема да ве спречиме. Секогаш сме отворени за продажба“, додаде Слот. 

Ливерпул за големи суми (над 30 милиони евра) пари летово ги купи: Александер Исак, Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг и Џовани Леони. Од друга страна, за над 30 милиони ги продадоа само: Луис Дијас, Дарвин Нуњез и  Џарел Куанса, а собраа пари и од продажби на: Доук, Кехелер, Александер-Арнолд и Мортон.

- Оглас -

Најнови вести