„Импресивно е затоа што игравме против неверојатен тим, тим кој е во неверојатна форма – само еден пораз, сите други натпревари се победи. Кога можете да победите против нив, и со таков настап, тоа е многу позитивно“, рече Слот.
Сепак, менаџерот ја нагласи важноста на прекините за конечниот резултат, истакнувајќи дека победата дојде по една.
„Но, покрај сè што можеме да кажеме, ги победивме благодарение на прекини. Попријатно е да се зборува за тоа кога победувате бидејќи ако изгубите, луѓето ќе речат дека се обидувате да најдете изговор. Реал Мадрид има постигнато 26 гола во Ла Лига сезонава, а во 24 од нив учествувале Килијан Мбапе или Винисиус јуниор. Затоа ако сакаш да го победиш Реал, мора да се најде начин да бидат сопрени тие двајца“, вели Холанѓанецот, кој додаде дека голема заслуга за триумфот на Ливерпул имаат и навивачите кои создадоа фантастична атмосфера на „Енфилд роуд“.
„Мислам дека навивачите ни помогнаа во текот на 90-те минути. Атмосферата беше импресивна“, рече Слот по победата над Реал Мадрид.

