Слот: По девет месеци и Ливерпул загуби два меча по ред

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше разочаран од поразот со 1-2 од Њукасл во финалето на Карабао купот. Ова беше втор последовен пораз за Црвените оваа недела, по елиминацијата од ПСЖ на пенали во Лигата на шампионите.


Холанѓанецот призна дека вакво нешто може да му се случи и на неговиот тим, без разлика колку добро играат од почетокот на сезоната.

„Разочарувачки резултат, разочарувачка игра, чувството е многу поразлично во споредба со поразот од ПСЖ. Ни требаа седум, осум, девет месеци за да загубиме два натпревари по ред, но ете, се случи. Еднаш против тим што се бори за Лигата на шампионите и еднаш против ПСЖ. А неделата почна одлично со победата над Саутхемптон. Знаеме дека колку подалеку одиш во турнирите, толку посилни стануваат противниците. Ете, и Ливерпул може да загуби два меча. Ова беше тешка недела, но исто така и недела во која ја зголемивме предноста во лигата на 12 поени. Сепак, другите два резултати не беа оние што ги посакувавме“, изјави Слот.

Тој се осврна и на прашањето дали заморот беше главен фактор за поразот во финалето.

„Тешко ми е да проценам од ментален аспект. Во вторникот не бевме уморни ниту психички, ниту физички. Во овој натпревар трчањето не беше толку важно, важни беа дуелите. Во мечот немаше интензивно трчање, па затоа ми е тешко да проценам дали бевме ментално или физички уморни бидејќи не можевме да ги притискаме. Еден тим се оценува според тоа како врши пресинг, а ние не можевме да го правиме тоа, бидејќи тие лесно го надминуваа нашиот притисок. Психолошки, тоа беше тешко. Ако ги погледнете резултатот и играта, можете да извлечете некакви заклучоци, но мене повеќе ме интересира како се развиваше натпреварот. А тој се одвиваше токму како што посакувавме – борба со многу дуели во воздух“, додаде Слот.

- Оглас -

Најнови вести