Слот прави чуда со Ливерпул: Во историјата на Премиер лигата нема подобар од него

По осум години поминати на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп си замина од „Енфилд роуд“. Многумина фанови на Црвените се плашеа дали тимот ќе продолжи со успешни игри и по заминувањето на Клоп. Арне Слот беше изборот за наследник на менаџерската функција и по првичните резултати, одлуката е одлична. Ливерпул игра сезона од соништата.

По четири кола одиграни во Лигата на шампионите, Ливерпул е единствен од сите 36 екипи со максимални 12 бода. Одлично му оди на Ливерпул и во Премиер лигата, каде што е лидер дури со пет бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Како што пишува англискиот весник „Сан“, Слот е единствен тренер во историјата на Премиер лигата, односно од 1992 година досега, што во првите 17 натпревари имал 15 победи. Има и по едно реми и еден пораз.

Досегашниот рекорд го држеа Карло Анчелоти и Жозе Мурињо, кои имале по 14 победи во првите 17 средби во една сезона. По 13 победи во првите 17 натпревари имале Антонио Конте, Маурицио Сари и Џон Грегори. Интересно е дека далеку на оваа листа се Пеп Гвардиола и Јирген Клоп. Гвардиола имал 11 победи во првите 17 натпревари како предводник на Манчестер сити, додека Клоп како предводник на Ливерпул бил со девет победи во првите 17 дуели.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести