Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, после ремито 3-3 на гостувањето кај Лидс, во изјава за „Би-Би-Си“ откри дека според него главен проблем на Црвените е што лошо ги бранат прекините.
„Постои чувство на неверица. Мислам дека игравме доста добро во поголемиот дел од натпреварот, водевме со 2-0. Не мислам дека имавме никакви проблеми додека не го направивме пеналот во ситуацијата кога Лидс немаше шанса. Голот падна без шанса. Само малку подоцна тие од првата шанса ни дадоа гол и беше 2-2. Потоа пак поведовме и мислевме дека сме направиле доволно за да го добиете натпреварот, а потоа прекин и 3-3. Не е до мене. Станува збор за сите нас, и за навивачите. Играчите работеа толку напорно, а повторно примивме гол од прекин, 10-ти или 11-ти оваа сезона. Ако примите толку многу голови, не можете да бидете повисоко на табелата од таму каде што сме“, беше мини-анализата на Слот.
Ливерпул има 10 бодови помалку од водечкиот Арсенал и многу е далеку од одбрана на титулата.

