10.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Слот: „Тимовите што ни гостуваат, сега веруваат дека можат да постигнат добар резултат“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, по нерешениот резултат со Сандерленд во домашниот натпревар од 14-тото коло на Премиер лигата, рече дека екипите кои гостуваат на „Енфилд“ веќе не им се плашат, туку веруваат во добар резултат.

Последната победа на Црвените дома беше пред еден месец, во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, додека во Премиер лигата дома не победиле од 1 ноември, кога ја совладаа Астон вила.

Ливерпул има серија од три меча по ред без победа на свој терен во сите натпреварувања, а во Премиер лигата добија само еден од последните четири дуели на „Енфилд“.

„Дали нашиот домашен стадион го изгуби факторот на страв кај противниците? Јасно е дека тимовите што играат против нас на Енфилд сега мислат дека можат да постигнат добар резултат. Дури и во натпреварите што ги добивме, ја поттикнавме довербата на другите тимови“, изјави холандскиот тренер.

Во целата претходна сезона, Ливерпул дома загуби само еден меч (имаа и 14 победи и две ремија) во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести