Атлетико Мадрид има нов централен дефанзивец, тоа е Давид Ханцко. Словачкиот репрезентативец последните три сезони настапуваше за Феенорд, а сега му се приклучува на шпанскиот гигант.
Играчот беше на чекор до трансфер во Ал-Наср, но договорот изненадувачки пропадна откако не му беше дозволено ниту да влезе во хотелот, ниту да тренира со новите соиграчи. Атлетико веднаш ја искористи ситуацијата и експресно го донесе Ханцко во своите редови.
По раскинувањето на договорот, самиот Ханцко стапил во контакт со Атлетико и ја изразил својата желба да игра за клубот. По заминувањето на Аспиликуета, Реинилдо и Витсел, Атлетико Мадрид остана со ограничен број централни дефанзивци, па со доаѓањето на Словакот значително ја засилува таа позиција.
Acuerdo con el Feyenoord para el traspaso de Dávid Hancko.
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 23, 2025
El defensa internacional eslovaco firmará su nuevo contrato una vez supere el pertinente reconocimiento médico.
➡️ https://t.co/P8Xnr9LOCF pic.twitter.com/dic3qxqb3X
Атлетико Мадрид го следеше Ханцко уште од минатата година, по неговите одлични настапи на Европското првенство и директниот дуел во Лигата на шампионите.
Станува збор за дефанзивец со одлични квалитети и поливалентност, може да игра како централен бек, но и како лев бек. Тој беше една од двете главни алтернативи на Кути Ромеро, кој беше приоритетна цел ова лето. Другата опција беше Инкапи, но високите финансиски барања на Баер Леверкузен го направија трансферот невозможен.
Ханцко е шесто ново засилување на Атлетико Мадрид ова лето. Во клубот веќе пристигнаа Алекс Баена, Матео Руџери, Тијаго Алмада, Џони Кардосо и Марк Пубил.