Словенечкиот мегаталент постигна мајсторски гол во стилот на Ван Бастен (ВИДЕО)

Бенџамин Шешко со своите игри го сврте вниманието кон себе, а дека тој е мегаталентиран фудбалер, говори и голот против Шведска.

Словенечкиот репрезентативец погоди во стилот на Марко ван Бастен, и тоа за водство во 28-мата минута.

Тој од прва упати прекрасен волеј кон противничкиот гол без многу размислување, а топката заврши во мрежата.

Шешко настапува за РБ Салзбург, а од наредното лето ќе се пресели во „сестринскиот“ клуб РБ Лајпциг. Средбата меѓу Шведска и Словенија заврши со 1:1.

- Оглас -

Најнови вести