Словенечкиот селектор би го сменил судијата кој ќе суди вечерва на „Тодор Проески“

Холандскиот судија Дани Макели кој ќе дели правда на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија, не е среќен за селекторот на нашите гости, Матјаж Кек, ниту за словенечкиот фудбал.

Макели кој е поранешен полицаец, во 2011 година ја напушти полициската работа, и прифати да работи во холандската фудбалска федерација. Тој има 36 години, а фудбалски натпревари суди од 2009 година.

Судел 17 натпревари од Лигата на шампионите, меѓу кои и четвртфиналето од минатата сезона помеѓу Порто и Ливерпул. Дебито во елитниот европски фудбал го имаше во октомври 2014 година, на натпреварот помеѓу Челзи и Марибор на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. „Сините“ победија 6-0.

Дека не е сречен за словенечките екипи и тренери, се потврди и во 2017/2018. Сегашниот селектор на Словенија, а тогашен тренер на Ријека, со судијата Макели на терен, го загуби натпреварот против Олимпијакос со 0-1.

- Оглас -

Најнови вести